Македонија

ЦУК: Два активни пожари, шест изгаснати и еден под контрола

23.08.2024 20:47

Активни се пожарите во селата Браилово и Десово во Општина Долнени со кои е зафатена сува трева и во село Јачинце во Општина Куманово, каде пак се опожарени сува трева и штала.

На територијата на државава во моментов има два активни пожари од вкупно девет регистрирани во текот на денов, откако шест биле изгаснати, а еден е ставен под контрола,  информираа вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во селата Браилово и Десово во Општина Долнени  со кои е зафатена сува трева и во село Јачинце во Општина Куманово, каде пак се опожарени сува трева и штала.

Под контрола е пожарот во Демир Хисар – Плакенска планина над село Вирово.

Изгаснати се пожарите во Аеродром, Чаир, Гостивар, Василево, Свети Николе и Струга.