Престрелка во тетовско, застрелан е осомничен во истрага за убиство
Осомничен во истрага за убиство којшто бил баран со потерница отворил оган кон полицијата...

Престрелка во село Гајре, тетовско. Осомничен во истрага за убиство којшто бил баран со потерница отворил оган кон полицијата. При обидот полицијата да го уапси, тој пукал, а во престрелката бил ранет. Според првичните информации, застреланиот починал на пат кон болница.
На петти јули во Тетово на улица беше убиен 40-годишен маж, а полицијата се сомневала дека зад убиството стои бегалецот кој синоќа е застрелан кај Гајре. Дел од медиумите на албански јазик, тогаш објавија дека станува збор за продолжение на стара пресметка меѓу две групи и дека убиството на 5-ти јули е поврзано со пукањето во тетовската болница пред неколку месеци кога исто така имаше настрадани.
