Се зголемува светскиот пазар на таблети и телефони
Зголемување на пазарот за 4,2 отсто доаѓаа по минатогодишниот пад од 9,5 проценти...

Според податоците на една од најголемите истражувачки и консалтинг компании во областа на информациските технологии – Гартнер, светскиот пазар за компјутерска техника и мобилни телефони се очекува оваа година да се зголеми за 4,2 отсто, односно да се продадат 2,4 милијарди апарати во светот. Овие проекции за зголемување на пазарот доаѓаат по минатогодишниот пад од 9,5 проценти.
Што се доенсува до продажбата на телефони во 2014 година, проекциите се дека истата ќе се зголеми за 3,1 отсто на годишно ниво, на 1,9 милијарди апарати.
Од Гартнер соопштуваат дека продажбата на смартфони има огромен удел (66 отсто) на пазарот на телефони и тој тренд ќе продолжи, зголемувајќи се на 88 проценти.
Традиционалниот пазар на персонални компјутери оваа година ќе ја задржи тенденцијата на намалување на темпото на раст. Во споредба со лани, оваа година продажбата ќе се намали три отсто, на 308,5 милиони апарати.
