Утре почнува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
Обвинителниот акт против Љупчо Палевски е прифатен во целост, соопштија од Кривичниот суд. На Палевски и другите 4-ца обвинети за двојното убиството ќе им се суди на исто рочиште во еден предмет.

Утре почнува судењето за убиствата на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Обвинителниот акт против Љупчо Палевски е прифатен во целост, соопштија од Кривичниот суд. На Палевски и другите 4-ца обвинети за двојното убиството ќе им се суди на исто рочиште во еден предмет.
На Палевски ќе му се суди за убиство и двојно грабнување. Меѓу обвинетите е и таткото на Вања. Останатите обвинети Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов се обвинети дека биле соизвршители во грабнувањата и убиствата.
Целта, според обвинението, им била да присилат член на потесното семејство на Вања да даде парични средства за откуп. Таткото на Вања е обвинет дека им помогнал во грабнувањето.
