Почина Бора Ѓорѓевиќ - Чорба
Фронтменот на групата „Рибља чорба“ почина во болница во Љубљана, на 72-годишна возраст. Бендот „Рибља чорба“ важи за еден од најзначајните рок бендови од овие простори...

Српскиот рокер и фронтмен на групата „Рибља чорба“ почина во болница во Љубљана, на 72-годишна возраст. Бора Ѓорѓевиќ почина по тешко боледување, потврдија од неговата група.
Борислав Бора Ѓорѓевиќ, познат и како Бора Чорба, е српски писател, поет, актер и рок-музичар и фронтмен на бендот „Рибља чорба“. Роден е на 1 ноември 1952 година во Чачак. Младоста ја поминал во Белград, а последните години од животот ги поминал во Љубљана.
Со музика се занимава од својата тринаесетта година. Беше член на многу бендови во Чачак, а неговата прва година во Белград беше обележана со работата со групите „Зајдено“, „Хајдук Станко“ и „Јатаци и Сунцокрет“. Од 1978 година е фронтмен на групата „Рибља чорба“, со која сними дваесет студиски албуми за повеќе од четири децении работа, а објави исто толку снимени концерти и компилации.
Бендот „Рибља чорба“ важи за еден од најзначајните рок бендови од овие простори. Нивниот албум е продаден во повеќе од половина милион примероци.
Последен пат во јавноста се појави на 1 јули, кога го одржа својот последен концерт.