ИН МЕМОРИАМ
Почина доајенот на македонската народна песна Анка Гиева
08.09.2024 17:00
Беше дел од плејадата познати песнопојци – пејач со препознатлив и карактеристичен глас, која за музичката продукција на Македонската радио-телевизија има снимено безброј убави народни песни...

Вчера во Скопје на 86 години од животот почина доајенот на македонската народна песна Анка Гиева. Беше дел од плејадата познати песнопојци – пејач со препознатлив и карактеристичен глас, која за музичката продукција на Македонската радио-телевизија има снимено безброј убави народни песни.
Погребот ќе биде извршен утре во 12 часот на градските гробишта Бутел во Скопје.
