Свет
Израелски напади во Сирија
09.09.2024 12:25
Најмалку 14 луѓе загинаа по голем број израелски напади врз цели низ Сирија доцна во неделата, објави државната новинска агенција на земјата...

Најмалку 14 луѓе загинаа по голем број израелски напади врз цели низ Сирија доцна во неделата, објави државната новинска агенција на земјата.
Се наведува дека целта на нападите се пет локации, вклучително и научно-истражувачки центар.
Два регионални разузнавачки извори рекоа дека голем воен истражувачки центар за производство на хемиско оружје во близина на Мисјаф бил неколку пати погоден.
Сириските државни медиуми исто така објавија дека ударите предизвикале два пожари кои пожарникарите ги гаснат.
