„Никаде некаде“ изложба во Музеј на Град Скопје

10.09.2024 09:29

Изложбата резимира неколку етапи од долгогодишно творештво на Димитрова во областа на уметничкиот филм, аудиовизуелната уметност и фотографијата. Медиумската вкрстеност ја открива нејзината експериментална природа...

Во Музејот на град Скопје на 12-ти септември во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на фотографии на Вања Димитрова со наслов „Никаде Некаде“.

Вања Димитрова дипломира на ’Gerrit Rietveld Academie‘, на отсекот за аудио-визуелни уметности и магистрира ликовни уметности на ’Sandberg Instituut‘, двете престижни академии во Амстердам, Холандија.

Изложбата резимира неколку етапи од нејзиното долгогодишно творештво во областа на уметничкиот филм, аудиовизуелната уметност и фотографијата. Медиумската вкрстеност ја открива нејзината експериментална природа, потенцијалот за преобразба на естетските варијации и авторскиот оптикум кој врамува различни приказни (стварни или фикција), реални локации во различни земји, имагинарни светови, и конструирани ликовно-сценски визуелни поставки.

Куратор на изложбата е Натали Рајчиновска Павлеска. На изложбата ќе бидат поставени 23 фотографија во голем формат.