Уапсен 18-годишник за смрт на три лица во Англија
Полицијата утринава околу 5 часот и 30 минути добила пријава, а итната помош излегла на терен и констатирала смрт на три лица. Набргу потоа, 18-годишникот бил уапсен и приведен на распит...

Тинејџер е уапсен под сомнение дека убил три лица во стан во англискиот град Лутон, објави Скај њуз. Полицијата утринава околу 5 часот и 30 минути добила пријава, а итната помош излегла на терен и констатирала смрт на три лица. Набргу потоа, 18-годишникот бил уапсен и приведен на распит.
Џон Марфи, помошник на началникот на полицијата во Бедфордшир, на прес-конференција изјави дека оружјето било пронајдено при претрес во домот на 18-годишникот.
Марфи додаде дека деталите за жртвите, вклучително и возраста и полот, нема да бидат објавени додека полицијата не контактира со нивните најблиски.
Тој рече и дека полицијата освен уапсениот тинејџер не трага по никој друг.
