Бајден: Не мислам многу на заканите од Путин, тој нема да победи во Украина
Американскиот претседател Бајден и британскиот премиер Стармер ја одложија одлуката за дозвола на Украина да ги користи ракетите со долг дострел за напади врз руска територија кои ги доби од западните земји.

Претходно, Кремљ изнесе сериозни закани кон Западот. На средбата со премиерот Стармер во Белата куќа, претседателот Бајден рече дека не мисли многу на заканите од рускиот претседател Путин за војна со НАТО доколку западните сојузници и дозволат на Украина да гаѓа цели длабоко во внатрешноста на Русија, истакнувајќи дека Путин нема да победи во војната со Украина.
Во меѓувреме, руските сили извршија нови напади со дронови врз украински градови на брегот на Црно Море. Во Одеса се слушнале силни експлозии, а локалните власти го повикаа населението да остане на безбедни места.