Романија

Силен земјотрес ја потресе Романија

16.09.2024 19:25

Епицентарот на земјотресот бил 16 км северно од Нехоу, на длабочина од 137 километри...

Силен земјотрес од 5,2 степени според Рихтер попладнево ја потресе Романија. Епицентарот на земјотресот бил 16 км северно од Нехоу, на длабочина од 137 километри.

Сè уште нема информации за штетите од ударот.

Романија претходно беше погодена од катастрофални поплави во кои животот го загубија неколку лица.