Влада
Министерот за европски прашања Муртезани назначен за главен преговарач со ЕУ
17.09.2024 15:05
На оваа седница, исто така, беше задолжено Министерството за европски прашања да подготви нова Одлука за воспоставување на структура за преговори...

На денешната седница на Владата, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, беше назначен за главен преговарач со Европската Унија за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, а за заменик на главниот преговарач е назначена заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков.
На оваа седница, исто така, беше задолжено Министерството за европски прашања да подготви нова Одлука за воспоставување на структура за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија- информираат од СЕП.
