Добрососедство

МНР очекува бугарскиот амбасадор да ја пренесе пораката на властите во Софија

17.09.2024 17:57

Иако бугарскиот амбасадор во земјава одби да ја прими протестната нота за отсуството на македонското знаме за време на фотографирањето на двајцата претседатели, МНР сепак очекува тој да ја пренесе пораката на властите во Софија...

Иако бугарскиот амбасадор во земјава одби да ја прими протестната нота за отсуството на македонското знаме за време на фотографирањето на двајцата претседатели, МНР сепак очекува тој да ја пренесе пораката на властите во Софија.

Од МНР велат дека амбасадорот Радуков бил запознаен со содржината на нотата, а тоа што не ја прифатил не значи дека пораките од средбата имаат помало значење, велат од Министерството.

Бугарското МНР, пак, го правда потегот на амбасадорот со став дека посетата на Сиљановска – Давкова немала ниту државен, ниту официјален или работен карактер.