Македонија
МВР го разреши началникот Наим Рамука
17.09.2024 19:10
Наим Рамука повеќе не е началник на Секторот за гранични работи – Север. Не му е продолжена наредбата со којашто тој ја извршуваше оваа функција.

Наим Рамука повеќе не е началник на Секторот за гранични работи – Север. Не му е продолжена наредбата со којашто тој ја извршуваше оваа функција.
Рамука се најде на удар на опозициската СДСМ како главен организатор на бегството на Блерим Рамадани на Косово, но и за пропуштањето на колоната свадбари, која ја предводеше собранискиот спикер Гаши.
За последниот случај, МВР покрена и дисциплинска постапка, а мерки беа поведени и за шест полициски службеници.
