Скопје

Делови од Центар, Карпош и Кисела Вода утре без вода

17.09.2024 19:24

Делови од скопските општини Кисела Вода, Центар и Карпош утре ќе бидат без вода заради изведување на водоводни приклучоци.

Поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Димо Хаџи Димов“ бр. 105, утре од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Димо Хаџи Димов“ и „Марко Орешковиќ“ во општина Кисела Вода, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.

Утре од 9:00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците на дел од улиците „Преспанска“ и „Петричка“ во општина Центар, поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улицата „Преспанска“ бр. 46.

Утре, пак, од 8:30 часот, исто така, поради изведување на водоводен приклучок со пречник од 80 милиметри на улицата „Крагуевачка“ бр. 9 во општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Крагуевачка“ и Драган Ѓаконовски-Шпато“.

Корисниците во трите скопски општини ќе бидат без вода сè додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје не завршат со активностите за поставување на водоводните приклучоци.