Американските бизнисмени поддржуват четиридневна работна недела

14.07.2014 14:36

Покусата работна недела, според бизнимените подразбира подолго работно време...

69% од бизнисмените-милионери подржуваат укинивање на еден работен ден, но,  да се работи по 10 часа на ден-пренесува Ен-Би-Си.

Ваквите сознанија поризлегуваат од анкетата на „Спектрем груп“, спроведена со деловнилуѓе кои во својот бизнис располагаат со средства поголеми од еден милион долари. Анкетата покажа дека од дури 69 отсто од бизнисмените-милионери поддржуваат укинувањена еден работен ден во неделата. Тоа особено се однесува на жените-милионери, меѓу коидури 82 проценти сметаат дека четири работни дена во неделата се вистинско решение.

Сепак, како што пренесува Ен-Би-Си, покусата работна недела, според бизнимените подразбира подолго работно време. Многу милионери сметаат дека за нивните дејности инатаму се потребни 40 работни часа неделно по вработен, но и дека на работниците повеќеби им одговарало да работат четири дена неделно по 10 часа.

Соња Стојановска