Урсула Фон дер Лајен во посета на Украина
Мојата осма посета на Киев се случува во исклучително важен момент, изјави Фон дер Лајен, додавајќи дека руските постојани напади врз цивилната енергетска инфраструктура на Украина имаат за цел да нанесат максимална штета...

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен пристигна во посета на Украина. Мојата осма посета на Киев се случува во исклучително важен момент, изјави Фон дер Лајен, додавајќи дека руските постојани напади врз цивилната енергетска инфраструктура на Украина имаат за цел да нанесат максимална штета.
Со планот на Европската комисија за Украина се предвидени околу 160 милиони евра, што ќе помогне да се покрие повеќе од 25 насто од потребите за електрична енергија на земјата.
Последната посета на шефицата на Европската комисија на Киев беше во февруари.
