Холандија

Напад со нож во холандски Ротердам, убиено едно лице

20.09.2024 09:46

Едно лице е убиено, а друго тешко рането во синоќешниот инцидент при напад со нож во холандскиот пристаништен град Ротердам...

Едно лице е убиено, а друго тешко рането во синоќешниот инцидент при напад со нож во холандскиот пристаништен град Ротердам, соопшти полицијата. Осомничениот, кој исто така е повреден, е уапсен.

Холандски медиуми, повикувајќи се на сведоци на настанот објавија дека маж нападнал луѓе по случаен избор со два ножа додека извикувал „Алаху акбар“.

Полицијата соопшти дека и тоа е дел од истрагата.