Европа
„Борис“ продолжува да се заканува
20.09.2024 10:21
Бурата „Борис“, која зафати делови од Централна Европа и донесе големи поплави, продолжува да се заканува...

Бурата „Борис“, која зафати делови од Централна Европа и донесе големи поплави, продолжува да се заканува.
На удар Италија, а и Хрватска е во опасност поради Дунав. Лидерите на четирите земји погодени од бурата во Полска на средба со претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен.
Европската унија ќе им овозможи на земјите погодени од поплавите да искористат 10 милијарди евра од европските кохезиски фондови, покрај средствата од фондот за солидарност за реконструкција на уништената инфраструктура и поправка на штетите, објави шефицата на Европската комисија.
