Уставен суд

Костадиновски: Уставниот суд бескомпромисно ќе ја поддржува слободата на изразување

20.09.2024 14:01

Костадиновски се обрати на темата за слободата на изарзување низ призма на уставно-правните механизми за заштита, праксата на Уставниот суд и начинот на којшто се водат овие постапки во Судот...

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски денеска беше говорник на регионална конференција во Маврово во рамки на проектот „Зајакнување на владеењето на правото преку медиумска слобода“, во организација на Здружението на новинарите во Македонија и во соработка со организациите Free Press Unlimited и Netherlands Helsinki Comitte.

Костадиновски се обрати на темата за слободата на изарзување низ призма на уставно-правните механизми за заштита, праксата на Уставниот суд и начинот на којшто се водат овие постапки во Судот.

„Слободата на изразувањето не е само индивидуално право, таа е претпоставка и предуслов за демократијата, а на преминот кон зрела демократија исклучително важно е заедно да бидеме посилни, вие да се борите за своите права, да бидете гласни кога истите се повредени, а ние, Уставниот суд, редовните судови да ги препознаеме и санкционираме таквите повреди“, истакна Костадиновски.