Со проектот „Безбеден град“ во Кавадарци за 40 отсто е намален криминалот
Четири години Кавадарци со 220 камери ја заштитува урбаната опрема, но и се открива криминалот во градот. Министерот Тошковски најавува проширување и на територијата на други градови…

Со проектот „Безбеден град“ кој четири години се реализира во Кавадарци, сериозно е намален криминалот и уништувањето на урбаната опрема, се пофали градоначалникот Митко Јанчев. Целта хулиганството и нередот да се намалат била реализирана.
По успешната работа на овој проект, камерите, околу 220 од Општина Кавадарци со меморандум за соработка се префрлени за работа на ОВР Кавадарци. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека овој проект ќе се проширува низ други градови на Македонија.
Засега проектот „Безбеден град“ функционира освен во Кавадарци и во Куманово, Скопје и Тетово, а во Велес во тек е поставување на видеокамери на спортските и детските игралишта.
Петар Печков
