Македонските ракометарки ја започнаа мисијата ЕУРО 2024
Селекторот на селекцијата Кристијан Грчевски и неговите избранички за време на ЕХФ недела ќе одиграат два пријателски натпревари против Австрија на гости наредната сабота и недела.

Македонската женска ракометна репрезентација ја стартуваше мисијата ЕУРО 2024.
Селекторот на селекцијата Кристијан Грчевски и неговите избранички за време на ЕХФ недела ќе одиграат два пријателски натпревари против Австрија на гости наредната сабота и недела.
Националниот тим ќе биде комплетиран во среда, последна ќе се приклучи Леонида Гичевска. И овој пат Грчевски има проблем со повредите, под знак прашалник се средниот бек Ивана Арсениевска и десниот бек Јована Кипријановска кои се неизвесни за настап на овој меч.
Македонија на ЕП ќе игра во Дебрецин, прв противник е Шведска, дуел кој се игра на 28. ноември, додека пак два дена подоцна следува мечот со Турција.