Смартфони
„Галакси Алфа“ нов премиум смартфон на „Самсунг“
15.07.2014 12:06
Новата серија модели „Галакси Алфа“ ќе биде позиционирана над популарната „Галакси С“ серија, а металното куќиште е само една од причините за тоа...

„Самсунг Галакси Алфа“ ќе биде името на новиот смартфон, што ќе отвори нова премиум серија на модели со целосно метално куќиште на оваа јужнокорејска компанија .
Новата серија модели „Галакси Алфа“ ќе биде позиционирана над популарната „Галакси С“ серија, а металното куќиште е само една од причините за тоа.
Се очекува „Галакси Алфа“ да добие Снапдрагон 805 процесор, како и екран со Квад ХД резолуција. Новиот модел се очекува да биде претставен кон крајот на август годинава.
