Денес официјално стартува новата сезона во регионалната кошаркарска АБА 2
Во регионалната кошаркарска АБА 2 во која ќе настапат три македонски екипи, МЗТ Скопје Аеродром, Работнички и Пелистер...

Со нов формат и зголемен број екипи, денес официјално стартува новата сезона во регионалната кошаркарска АБА 2 во која ќе настапат три македонски екипи, МЗТ Скопје Аеродром, Работнички и Пелистер.
Според новите пропозиции, по четири екипи се поделени во четири групи и во првата фаза секоја од 16. екипи ќе одигра по шест натпревари, три на домашен и исто толку на гостински терен. По шест одиграни кола, првопласираните две екипи од секоја група обезбедуваат пласман во следната фаза од натпреварувањето во која ќе бидат формирани нови две групи.
Во Топ 8 фазата ќе се одиграат уште шест кола по кои двете најдобри екипи од двете групи, ќе се пласираат во полуфиналето на плеј-офот.
Четирите најдобри екипи ќе се борат за место во финалето во серија „подобар од три натпревари“ (1-1-1), а според истиот систем ќе се игра и финалната серија.