Тајван
Тајван евакуираше илјадници луѓе во пресрет на тајфунот „Кратон“
02.10.2024 09:18
Се предвидува дека ќе го намали својот интензитет додека патува кон главниот град Тајпеј. Управата за цивилно воздухопловство ги откажа сите домашни летови...

Тајван ги затвори училиштата и владините канцеларии, и евакуираше илјадници луѓе во пресрет на тајфунот „Кратон“ кој се очекува да удри на копното на населениот западен брег носејќи пороен дожд и ветрови од над 160 километри на час.
Се предвидува дека ќе го намали својот интензитет додека патува кон главниот град Тајпеј. Управата за цивилно воздухопловство ги откажа сите домашни летови.
Речиси 40.000 војници се во готовност да помогнат во спасувачките напори.
