Ракомет

Веспрем е победник на Светското клупско првенство во ракомет во Каиро

04.10.2024 10:25

Веспрем го имаше последниот напад, но Недим Ремили не успеа да постигне гол. Во продолжението Унгарците водеа со два разлика (33:31), имаа и 34:32, а Магдебург успеа само да го намали резултатот на 34:33...

Веспрем е победник на 17 издание на Светското клупско првенство во ракомет во Каиро, Египет, откако во финалето по продолженијата го совлада двократниот освојувач на титулата Магдебург со 34:33. Тоа е прва титула светски клупски шампионат за унгарскиот тим, а рекордер и натаму е Барселона со пет титули.

Веспрем подобро го отвори натпреварот поведувајќи со 3:0, но Магдебург возврати. Во средината на првиот дел Германците имаа 12:9, а на полувреме заминаа со минимална предност (14:13).

Во вториот дел, унгарскиот тим во неколку наврати имаше +4 (22:18, 23:19, 24:20), но Магдебург полека ја намалуваше разликата израмнувајќи на 28:28 со голот на Лукаш Мертенс на минута пред крај.

Веспрем го имаше последниот напад, но Недим Ремили не успеа да постигне гол. Во продолжението Унгарците водеа со два разлика (33:31), имаа и 34:32, а Магдебург успеа само да го намали резултатот на 34:33.