Мадрид 2024

Ана и Алексеј со „Маратон“ ќе нè претставуваат на Јуниорскиот Евросонг, видеоспотот во продукција на МРТ

04.10.2024 17:40

Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски со песната „Маратон“ чиј автор е Лазар Цветковски и текст на Магдалена Цветковска, на евровизиската сцена ќе застанат на 16-ти ноември во Мадрид, Шпанија...

Готов е видеоспотот за песната која годинава ќе нè претставува на 22-то издание на Јуниорскиот Евросонг.

Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски со песната „Маратон“ чиј автор е Лазар Цветковски и текст на Магдалена Цветковска, на евровизиската сцена ќе застанат на 16-ти ноември во Мадрид, Шпанија.

Видеоспотот е во комплетна продукција на Македонската Радио- телевизија и се снимаше на повеќе локации.

Шпанскиот национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос од спектакуларното шоу кое го подготвуваат домаќините ќе има на програмите на Македонската радио-телевизија.

Ана и Алексеј се извонредно талентирани млади пејачи кои го привлекуваат вниманието на љубителите на музиката насекаде. И покрај нивната возраст, имаат неверојатни гласовни способности кои никого не оставаат рамнодушен.