Климатските промени го земаат данокот
Интензитетот на непогодите се зголемува, се зголемуваат и трошоците. Светска банка претстави извештај за начинот како земјава да се прилагоди, и за јавните финансии кои ќе бидат потребни да се постигне целта...

Екстремни природни катастрофи, поплави, пожари, зголемена температура во летниот период, намалено домашно земјоделско производство, 3.800 смртни случаи годишно од аерозагадувањето – ова се само дел од последиците од климатските промени. Штетите од климатските промени во изминативе 20 години се проценуваат на 667 милиони евра, според извештајот на Светска банка.
Шест и пол милијарди американски долари би требало земјава да инвестира во следната деценија за да го заштити населението и имотот од климатски промени или 0,8 отсто од БДП. Властите велат дека имаат план за ублажување на климатските промени.
Невладини предупредуваат дека функционерите не ги почитуваат ниту сопствените одлуки.
Препораките се час поскоро затворање на термоелектраните и пренасочување кон соларна и ветерна енергија, иако, со зелената транзиција, 66 илјади работници се во ризик да ги загубат работните места или да се преквалификуваат.
Александра Велинова
