Пазар на труд

Недостигаат квалификувани работници

07.10.2024 17:21

Македонија има голема потреба од квалификувани работници, особено во ај-ти секторот. За да се пополни празнината, спас се бара во поголема вклученост на ранливите категории граѓани...

На Македонија и фалат квалификувани работници, но најмногу инженери и ИТ-кадри. Надлежните велат дека со разни мерки се трудат да ги задржат младите дома, но и оние кои учеле во странство да се вратат во државата.

И министерот за економија вели дека се работи на нови иницијативи со кои ќе се зголеми вработеноста на пазарот на трудот.

Во меѓувреме, надлежните прават и засилени обуки на средношколци, за кои потоа би се креирале нови реални работни позиции.

Дека пазарот на труд во земјава остана без основните занаети по којзнае кој пат алармираат надлежните. Според нив, за колку – толку да се ублажи дупката во индустријата, државата вработува и странци за солидна плата.

 

Борис Грујоски