Пукање во Чаир
Во градската општа болница „Свети Наум Охридски“ бил пријавен 35-годишен маж со прострелна рана во ногата. Повредениот бил нападнат додека се движел пеш по улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“, по што бил пренесен в болница, информираат од Министерството за внатрешни работи...

Повторно престрелка во скопски Чаир. Во градската општа болница „Свети Наум Охридски“ бил пријавен 35-годишен маж со прострелна рана во ногата. Повредениот бил нападнат додека се движел пеш по улицата „Христијан Тодоровски-Карпош“, по што бил пренесен в болница, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Извршен е увид на местото на настанот и полициските службеници преземаат интензивни мерки за расчистување на случајот. Повредениот е хоспитализиран и е во стабилна состојба. Пред десетина дена во Чаир исто така имаше пукање во кое беше повредено едно лице.
