Грејна сезона

Денеска почнува грејната сезона

15.10.2024 08:13

Топли радијатори во домовите и деловните објекти треба да имаат сите кои се снабдуваат преку државната ЕСМ и топланите Скопје Север и Те-То...

Денеска почнува грејната сезона. Топли радијатори во домовите и деловните објекти треба да имаат сите кои се снабдуваат преку државната ЕСМ и топланите Скопје Север и Те-То. Компаниите со апел до потрошувачите да ги отстранат дефектите.

Грејната сезона календарски трае до 15-ти април. Но, доколку има услови, односно ако тој период температурите се ниски, регулаторот решава уште колку време ќе се испорачува топлинска енергија.

Во Скопје централното градско парно го користат околу 60 илјади домаќинства.