Кошарка

Суспендирани и казнети двајца играчи поради инцидентот на истанбулското дерби

15.10.2024 11:48

Биберовиќ е казнет со пет илјади евра, додека Брајант мора да плати двојно повеќе пари за својот дел во инцидентот. Тепачката се случи во третата четвртина...

Кошаркарот на Фенербахче, Тарик Биберовиќ и играчот на Ефес, Илајџа Брајант се казнети и суспендирани на еден натпревар поради инцидентот што го направија на истанбулското дерби во второто коло од Евролигата.

Биберовиќ е казнет со пет илјади евра, додека Брајант мора да плати двојно повеќе пари за својот дел во инцидентот. Тепачката се случи во третата четвртина кога и двајцата играчи завршија на земја по кошот на Биберовиќ.