Израел ги интензивира нападите на Хамас
18.07.2014 11:27
Официјален Ерусалим соопшти дека еден војник загинал при жестоките борби во енклавата на северот од Појасот Газа...

Со синоќешната копнена офанзива на Газа, Израел ја интензивира единаесетдневната воена кампања против Хамас.
Официјален Ерусалим соопшти дека еден војник загинал при жестоките борби во енклавата на северот од Појасот Газа.
Израелските војници ги нападнале лансирните рампи за ракети, тунелите и повеќе од 100 други цели. При нападот се убиени 14 палестински борци.
Од Газа кон Израел биле истрелани 50 проектили, соопшти израелската војска.
Од почетокот на воената кампања на еврејската држава загинале 250 Палестинци,а при ракетните напади на Хамас загинал еден цивил.
