Економија

Дурмиши: Ако идниот месец драстично се зголемат цените ќе донесеме поригорозни мерки

25.10.2024 11:46

Тој нагласи дека мерките од есенската кошничка дадоа ефект, цените на производите се намалени за пет до десет отсто. Потсети дека според синдикалната кошничка, цените на храната и пијалаците во октомври се пониски за преку 900 денари.

Ако има драстично покачување на цените од следниот месец, ќе се преземат поригорозни мерки, изјави денеска министерот за економија Бесар Дурмиши. Тој нагласи дека мерките од есенската кошничка дадоа ефект, цените на производите се намалени за пет до десет отсто. Потсети дека според синдикалната кошничка, цените на храната и пијалаците во октомври се пониски за преку 900 денари.

„Наредниот месец очекуваме повторно намалување на цените зашто е во сила Законот за нефер трговски практики. Ако видиме дека трговците ги зголемуваат цените, ќе преземеме поригорозни мерки“, најави министерот Дурмиши.

Според него, со есенската кошничка има и производи кои не се воопшто или се многу малку намалени како лебот, млекото, маслата за јадење, но имало и производи чии цени се намалени за над 10 проценти, како месото, зеленчукот, млечните продукти.