Австрија
Убиен австриски градоначалник, напаѓачот во бегство
28.10.2024 15:35
Осомничениот напаѓач кој моментално е во бегство, е ловец и се верува дека е вооружен со долга пушка. Во тек е опсежна потрага во која се вклучени специјалните сили...

Австриски градоначалник на општина Кирхберг об дер Донау е убиен утрово во Милвиертел. Осомничениот напаѓач кој моментално е во бегство, е ловец и се верува дека е вооружен со долга пушка. Во тек е опсежна потрага во која се вклучени специјалните сили.
Мотивот за злосторството е непознат но не се исклучува можноста-спор околу ловот, да е причина за трагичниот настан.
