Собрание

Собранието е подготвено за уставните измени, вели спикерот Гаши

31.10.2024 16:22

Собранието е подготвено за уставните измени, но треба договор и политичка волја, вели претседателот на Собранието, Африм Гаши. Извештајот на Европската комисија е позитивен и се забележува напредок, оцени Гаши. На средбата со новинарите рече државата се обидува наредната година да направи се за реформската агенда...

Претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши, вели дека Собранието е подготвено во однос на процедурата, да почне со уставните измени за внесување на Бугарите во највисокиот правен акт. Но, според Гаши, за да се одвива овој процес успешно, потребни се политичка волја и договор, да се има јасна перцепција, за да не се почне нешто, што нема да има успешна завршница.

Гаши рече државата се обидува наредната година да направи сè за реформската агенда и сите препораки кои се дадени во извештајот на ЕУ да се имплементираат што побргу. Тоа го правиме не само поради нашите партнери, туку, најмногу поради нас, за да имаме пофункционално и потранспарентно Собрание и да бидат задоволни и пратениците и граѓаните од работата на Собранието, рече Гаши.

 

Игор Панов