Вжештена реторика во Собранието
Во Собранието, последниот ден од месецот резервиран за пратенички прашања. Ова се први по изборот на новиот парламентарен состав и на новата Влада...

Лидерски дуел во Собранието Филипче – Мицкоски. Кој колку направил, чии проекти се реализираат кој е планот за членство во Европската унија, но во фокусот и Агенцијата за национална безбедност. Додека Филипче објаснуваше дека директорот на АНБ Христовски нема доволно години на раководни функции и дека има нелегална ТОЕФЕЛ диплома, Мицкоски излезе со куп дипломи на директори од минатата власт за кои рече дека ќе ги достави до институциите. Директен правите политика од безбедноста, а во ваше време службите ме следеа и со дронови.
ДУИ и Европскиот фронт останува на ставот дека Владата е без етнички легитимитет, дека е потребен ветинг на политичарите, но и директно прашаа дали владата е со Русија или со Европската унија.
И додека опозицијата смета дека Владата нема план за патот до Европската унија, власта одговара странски политичари се бореа за државата повеќе отколку вие што се залагавте.
Миле А. Ристески
