Средба на државниот секретар во МНР со новоименуваниот амбасадор на Кралството Данска
Посакувајќи топло добредојде, Кузмановска изрази уверување дека нејзиното богато дипломатско искуство ќе придонесе за натамошно зајакнување на севкупните односи меѓу двете земји, кои се пријателски, партнерски и со активен меѓусебен политички дијалог...

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Елена Кузмановска, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кралството Данска, со седиште во Белград, Н.Е. г-ѓа Пернил Далер Кардел.
Посакувајќи топло добредојде, Кузмановска изрази уверување дека нејзиното богато дипломатско искуство ќе придонесе за натамошно зајакнување на севкупните односи меѓу двете земји, кои се пријателски, партнерски и со активен меѓусебен политички дијалог.
На средбата, беше изнесен интересот за зајакнување на севкупната билатерална соработка, со фокус на економските и трговските можности, на што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија активно ќе работи во претстојниот период. Воедно, државниот секретар Кузмановска упати благодарност за исклучително важната данска поддршка за македонската европска интеграција и важноста на копенхашките критериуми, кон чие исполнување остануваме силно посветени.
