Временска прогноза
Сончево со мала до умерена облачност
02.11.2024 08:29
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен преку ноќта кон недела...

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен преку ноќта кон недела.
Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината повремено ќе засилува.
