Влада

Претседателот на Владата Мицкоски ќе изврши надзор на патниот правец Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10д

02.11.2024 08:47

Премиерот Мицкоски заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ќе извршат надзор во работата на патниот правец Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10д...

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски ќе извршат надзор во работата на патниот правец Прилеп-Битола, дел од Коридорот 10д.

Како што најавија од владината прес-служба, предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата, Мицкоски.