Штип
29-годишна штипјанка убиена во близина на нејзиниот дом
02.11.2024 11:10
Убиството го пријавил нејзиниот партнер, 25 годишниот Ф.З. кој во полиција изјавил дека тој е сторител на убиството. Телото е пронајдено, јавен обвинител изврши увид на местото на настанот...

Дваесет и деветгодишна штипјанка е убиена во близина на нејзиниот дом.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место каде според првичните информации, во близина на сопствениот дом била лишена од живот 29-годишна жена.
Убиството го пријавил нејзиниот партнер, 25 годишниот Ф.З. кој во полиција изјавил дека тој е сторител на убиството. Лицето е задржано во полициска станица.
По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција.
