градежништво

Кој ја гарантира сигурноста на градбите?

03.11.2024 17:20

Мостови, потпорни ѕидови, стари фасади, објекти градени во минатиот век со штедење на бетон и градежни материјали. Македонија мора да извлече сериозна поука по трагедијата во Нови Сад, порачува стручната фела. За техничката исправност и функционалност последниот збор го има оној што стопанисува со објектот …

Македонија мора да извлече сериозни поуки од трагедијата во Нови Сад. Имаме објекти стари со децении на кои мора да се интервенира – вели експертската фела. Како покритични, деканот на Градежниот факултет, Марковски ги посочи мостовите, цевководите, потпорните ѕидови на Водно, старите фасади. Мора да се внимава со одржувањето на таквите објекти кои во средината на минатиот век биле градени и со штедење на бетон и градежни материјали.

Кога објектот е сигурен, стручни лица мора да го дадат последниот збор дека зградата е безбедна за пуштање.

Зградата на железничката станица во Нови Сад е авторско дело на архитектот Имре Фаркаш. Тој ја проектирал и тетовската гимназија и бил професор во Скопје, пренесуваат српските медиуми.

„Архитектите Имре Фаркаш и Милан Матовиќ работата на архитектонскиот бисер ја завршиле беспрекорно. Одлично го проектирале пружниот погон со колосеци за возови, дел за управување со сообраќајот, хол со чекални, ресторан и сегмент за истовар и преглед на возови“, пишува српскиот портал Данас.рс.

Експертската фела порачува дека мора и Македонија да воспостави систем за одржување на вакви витални објекти. Потребно е да се формира тим и да се вложи во млади експерти, а струката и науката треба да се почитуваат и слушаат.

 

Борис Грујоски