Собрание

Седница на Клубот за младински прашања и политики

04.11.2024 08:10

На седницата се поканети пратеници, главниот државен ревизор Максим Ацевски, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, министерката за образование и наука, Весна Јаневска и дел од граѓанскиот сектор...

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница ќе одржи Клубот за младински прашања и политики.

Како што е објавено на собраниската веб-страница, ќе се води дискусија по извршена ревизија на ДЗР на тема „Ефикасност на мерките, политиките и проектите за исполнување на условите во кои функционираат државните студентски домови и развој на студентскиот стандард“.

На седницата се поканети пратеници, главниот државен ревизор Максим Ацевски, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, министерката за образование и наука, Весна Јаневска и дел од граѓанскиот сектор.