ШПАНИЈА

Предупредувања за нови врнежи од дожд во Валенсија

04.11.2024 08:54

Валенсија и натаму се соочува со последиците од поплавите во кои загина над 200 лица. Дополнителен страв влеваат предупредувањата за нови врнежи...

Валенсија и натаму се соочува со последиците од поплавите во кои загина над 200 лица. Дополнителен страв влеваат предупредувањата за нови врнежи.

Гневни граѓани, со кал ја нападнаа шпанската кралска двојка вчера за време на нивната прва посета на епицентарот на најсмртоносната природна катастрофа во земјата.

Според последниот биланс, бројот на жртвите во поплавите што го зафатија југоисточниот дел на Шпанија по обилните врнежи се искачи на 217. На речиси целиот исток на Шпанија е прогласен жолт и портокалов метеоаларм поради најавите за нови врнежи од дожд.

Покрај тоа, во делови од Валенсија е воведен режим на ограничено движење поради новите врнежи.