Формула 1
Верстапен го сруши рекордот на Шумахер
04.11.2024 09:22
Седумкратниот шампион во Формула 1 беше на првото место 896 последователни денови во 2000-2002 година...

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен успеа да го сруши рекордот на Михаел Шумахер по поминати денови на лидерската позиција во поредокот во Формула 1 шампионатот.
Холанѓанецот 897 дена по ред е на првото место во конкуренција на возачи во Формула 1. Серијата започна на Големата награда на Шпанија во 2022 година и ќе продолжи уште најмалку два викенда благодарение на вчерашната победа на трка за Големата награда на Сао Паоло.
Седумкратниот шампион во Формула 1 беше на првото место 896 последователни денови во 2000-2002 година.