Блиски Исток
Израел ги извести ОН дека договорот за признавање на УНРВА од 1967 година е неважечки
04.11.2024 09:23
Објавата следува откако Кнесетот изгласа закон со кој се забранува УНРВА...

Израел ги информираше Обединетите нации дека Договорот од 1967 година за признавање на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци е неважечки. Објавата следува откако Кнесетот изгласа закон со кој се забранува УНРВА.
Продолжува офанзивата и во Газа и во Либан. Не запираат апелите на меѓународните организации за подобрување на хуманитарната состојба.
Во меѓувреме, Израелскиот министер за одбрана тврди дека Иран се обидува да му наштети на Израел со различни средства.
