Украина

Украина за 12 часа соборила 50 руски „Шахеди“

04.11.2024 11:29

Украинската армија собори 50 руски беспилотни летала во последните 12 часа...

Украинската армија собори 50 руски беспилотни летала во последните 12 часа. Напади се регистрирани во Киев, Суми, Одеса, Херсон, Харков, има повредени.

Претседателот Зеленски истакна дека во октомври биле употребени повеќе од две илјади дронови „Шахед“ против Украина.

Предупреди дека Русија ги зголемува нападите и побара зајакнување на санкциите од Западот кон Москва.