Градежништво

Легализираните дивоградби претставуваат потенцијална опасност

04.11.2024 15:32

Трагедијата во Србија го вклучи алармот за безбедноста на објектите и кај нас. Градежници предупредуваат дека стотиците илјади легализирани дивоградби претставуваат потенцијална опасност...

Градбите во Македонија се квалитетни, иако некаде има пропусти поради кои безбедноста не може целосно да се гарантира, вели експертската фела. Потребно е континуирано одржување и техничка контрола. Најголем проблем кај нас, според експертите, се дивоградбите и легализираните објекти за чии проекти, но и за начинот на градење нема податоци.

Експертот Михаил Гаревски, пак, смета дека, споредено со регионот, во Македонија се гради најсигурно поради стандардите воведени по земјотресот.

Безбедноста и квалитетот на градбите зависи од сите ангажирани субјекти во градењето: проектантите, ревидентите, изведувачите и надзорот, односно контролата.

Надлежните да не чекаат и да се фатат за работа и да ги испитаат сите градби, особено оние каде има најголема фреквенција од луѓе, оти таму се јавуваат и најголемите проблеми.

 

Борис Грујоски