Македонија

Потрага по исчезнатиот скопјанец Богољуб Митов, семејството бара помош

04.11.2024 14:58

Десетина дена нема ниту трага, ниту глас од исчезнатиот скопјанец Богољуб Митов. Семејството бара помош да се пронајде 63-годишникот, кој страда од деменција…

Петковден за семејството Митови од свечен ден се претвори во ужасен откако Богољуб исчезнал. По него се трага осми ден зашто не го послушал семејството да остане дома и наместо да стигне в црква, на која и бил посветен, му се губи трагата, вознемирено ни раскажува неговата ќерка Александра. До ова немало да дојде доколку, вели, институциите не ги одбивале сите нивни обиди да го згрижат во нив.

Откако почнала да споделува по социјалните мрежи и се јавиле многу луѓе дека го виделе Богољуб, но никој не се потрудил да го задржи така што само талкаат од место на место.

Од „Најди ме“ за МТВ потврдија дека директно не можат да го активираат алармот, но помагаат преку социјалните мрежи со апелите до граѓаните.

Ќерката на Богољуб верува дека луѓето ќе и помогнат да го најде татка си. Вели, иако болен, бил вреден, се грижел за семејството и многу бил дружељубив, па замоли доколку некој го види да го задржи и да ѝ се јави.

Ова не е единствениот случај на исчезнат во земјава. Нивната бројка не може конечно да биде утврдена бидејќи дел од нив се пронајдени, дел не можат да се прогласат за починати додека не помине законскиот рок, а дел откако ќе бидат пронајдени, повторно исчезнуваат.

 

Фиљана Кока