Јавен сервис

Избори САД 2024 – Отворено студио на МТВ

05.11.2024 17:40

Камала Харис или Доналд Трамп-кој ќе седне во овалната соба?! Демократите и Републиканците во мртва трка. Македонската телевизија ги следи изборите во САД...

Америка гласа. Како никогаш досега интерес за епилогот од изборите во САД и кај тамошната, и кај светската јавност.

Камала Харис или Доналд Трамп-кој ќе седне во овалната соба?! Демократите и Републиканците во мртва трка. Анкетите се менуваат од час во час, одлуката ја носат електоралните гласови на поголемите држави. Што ѝ е потребно во моментов на најмоќната светска економија? Каков пресврт може да донесе за светот новата американска администрација?

Македонската телевизија ги следи изборите во САД. Отворено студио со Марина Доковска вечерва од 21 часот. Во среда од 5 часот наутро ги следиме изборните резултати во живо со Стојан Трпчевски и Катерина Топалова.

Во отвореното студио, анализа на резултатите со аналитичари, дипломати, комуниколози и експерти за безбедност. Најавуваме директни вклучувања во Вашингтон.

Во среда навечер од 20 часот, ја заокружуваме програмата со анализа на резултатите заедно со Мартин Пушевски.

Отвореното студио Избори САД 2024 гледајте го во живо на следниот линк: